Соопштение до јавноста од СВР Битола

По повод верскиот празник Архангел ,утре заради зголемена фреквенција и движење на луѓе и возила на тој реон околу црквата ,од страна на сообраќајната полиција во попладневните и вечерните часови ќе има пренасочување на возилата по околните улици.

Со цел безбедно одвивање на сообраќајот се замолуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат  наредбите на полициските службеници, а воедно и почитување на сообраќајната сигнализација.