Реакција на СДСМ Битола

Уште еднаш се покажа дека основна одлика на ВМРО-ДПМНЕ е да го штитат криминалот кој произлегува од нивните редови.

После неуспешниот обид за притиок врз судството, преку уценетите административци кои во работно време беа присилно донесени пред Апелациониот суд,  денес повторно се обидуваат да се стават во заштита на осомничени за криминал.

Нема поголем апсурд од тоа партијата која го узурпира цело судство да обвинува за истото.  Паниката кај нив е оправдана, и самите веќе се свесни дека тефтерчето на Гордана Јанкуловска повеќе не поминува.

Нивните методи се  добро познати и провидни. Треба еднаш да сфатат дека притисоците, уцените и заканите се веќе минато и правда ќе има.

Одговорност ќе има за секој што го прекршил законот.