ПОСТАВЕНА НОВА УРБАНА ОПРЕМА НИЗ ШИРОК СОКАК‏

Започна поставувањето на нова урбана опрема низ Широк Сокак, која подразбира замена на старите метални жардињери и метални корпи за отпадоци со нови модели кои се изработени од импрегниран пресован гранит и мермер.

„ Широк Сокак е разубавен со нови корпи за отпадоци од кои 25 веќе се поставени, 100 нови жардињери и околу 10 тона декоративен камен поставен на дрворедот. Сето ова е дизајнирано и реализирано од  Комуналец, кој истото понатаму и го одржува “ истакна градоначалникот д-р. Владимир Талески.

Оваа инвестиција на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изнесува над еден милион денари.

„  Согласно програмата за јавно зеленило, голем дел во изворите на финансирање на таа програма учествува општината, но и граѓаните. Значи сите правни и физички лица преку плаќањето на своите сметки за комунален отпад, инвестираат во уредување и разубавување на јавните зелени површини. “ изјави директорот на „Комуналец“  г-динот Зоран Соклевски.