Општина Новаци ќе гради фекални канализации во Гермијан , Добромири Бач и Рибарци

Со грант од 260 000 евра обезбеден од Светска банка преку Влада на РМ , општина Новаци ќе гради фекална канализација во селата:Гермијан Добромири и Рибарци.

„ Аплициравме со проекти за изградба на канализациони системи во три села во општина Новаци на ајвнуиот оглас на Министерство за финансии и добивме грант од 260 000 евра. Средствата ќе бидат искористени за изградба на фекална канализација во Рибарци која ќе изнесува 1600 метри, во Добромири 2753,5 метри и во Гермијан 3563 м.“рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Паралелно со изградбата на овие три канализации ќе се гради и фекална канализација во Бач која изнесува 2870м  и истата ќе чини околу 6 милиони денари а средствата ќе се обезбедат преку задолжување.

Исто така Општина Новаци има испратено апликација до Европската банка за обнова и развој ЕБОР  со кој очекуваме грант од 250 000 евра кој ќе биде искористен за изградба на водовод од бунар  кои ќе ги снабдува со вода селата Брод – Добровени –Живојно.