Општина Новаци дел од „ Македонија во ритамот на Европа“

Општина Новаци е избрана меѓу дваесетт општини во РМ да биде дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ во 2017 година. Целта на манифестацијата е поттикнување , развивање , препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење.

За таа цел денеска со градоначалникот Котевски одржаа состанок претставници од Министерство за локална самоуправа на РМ и дипломатскиот хор во државата.

На состанокот се разговараше за организацијата на манифестацијата и за потпишување на протокол следната недела.

Децата кои ќе ја претставуваат својата општина ќе изведат  изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина. Сите трошоци за подготвка на децата за настап на манифестацијата ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Победникот на Манифестацијата за 2017 година ќе биде избран врз основа на гласовите на публиката и гласањето на жирито од општините учесници по пат на СМС пораки. Педесет насто од прибраните средства од гласањето е бидат уплатени на сметка на општината победник како  наменски средства во буџетот за болници, училишта , детски градинки, спортски и културни установи.

Двата победници ќе ја посетат земјата чија што амбасада ја претставувале на натпреварот.

 

Манифестацијата „ Македонија во ритамот на Европа“ ќе се одржи во Скопје следната година  а ја организира Министерството за локална самоуправа на РМ и Секретаријатот за европски прашања која е поддржана од страна на амбасадорите на Европа и на Европска Унија.