Ахмети: Насилството и нестабилноста никому не се во интерес

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во четвртокот се сретна со специјалниот претставник на ОБСЕ за западен Балкан, амбасадорот Герард Стоудман, како и високиот комесар за правата на заедниците, Астрид Tорс, со кои разговараше околу конструктивниот придонес на ОБСЕ и меѓународната заедница за надминување на оваа многу тензична ситуација во Куманово.

Ахмети побарал поголема соработка и регионална комуникација за сите прашања бидејќи насилството и нестабилноста не се во интерес на никого.

Од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) била изразена загриженост во врска со политичката криза и безбедносната ситуација во земјата, истакнувајќи дека тие се подготвени за да помогнат во надминувањето на состојбата./крај/мф/бс

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.