Крадец фатен во колонијалче, друг се заканувал со пиштол

Во две одделни кражби во колонијални продавници во Свети Николе и во Прилеп, едниот крадец бил фатен, а другиот се заканил со пиштол на вработената и и го украл прометот.

Имено, како што соопшти полицијата, во вторникот, во 19.30 часот во Прилеп на ул. „Златибор“, во колонијална продавница непознато маскирано и вооружено лице извршило разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработената ги одзел парите од касата по што го напуштил местото. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, околу 20.30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во обид на дрзок начин во колонијална продавница на ул. ,,Пиринска“ во Свети Николе. Имено, маскираниот сторител влегол во продавницата и се обидел да отворил една од касите каде немало продавачка. Притоа, сторителот бил забележан од вработена, а бил соборен на земја од страна друго лице, кое во тој момент влегло во продавницата. После тоа сторителот ги фрлил парите кои ги зел од касата и побегнал во непознат правец. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.