Вооружен напад во Германија, еден убиен и двајца ранети

Еден човек е убиен а двајца други се ранети во вооружен напад во градот Визбаден, главниот град на германската федерална земја Хесен, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил во квартот Бибрих. Стрелецот успеал да побегне, а полицијата во потрагата по него користи дополнителни специјални единици и хеликоптер, објави полицијата на Западен Хесен на својот Twitter профил.

Се додава дека засега не се познати мотивите за овој напад.

Според весникот Spiegel, жртва на пукањето е 59-годишна жена, сопственичка на мала продавница. Двајца мажи, пак, се сериозно ранети, во инцидентот кој се случи околу пладнето и тие се хоспитализирани.

Сведоци во полицијата изјавиле дека вооружен маж влегол во киоск и стрелал во 63-годишниот маж, и во 21-годишниот внук на жената.