Најмалку 29 лица смртно страдаа во серија на експлозии кои се случиле на пазар за пиротехника во Мексико Сити. Како што пренесуваат светските медиуми бројот на загинати би можел да се зголемува бидејќи околу 70 луѓе биле потешко повредени.
Експлозиите се случиле околу 15 часот по локално време, а густиот чад предизвикан од екплозиите може да се види на наколку километри оддалеченост од пазарот.
На снимките кои ги емитуваше локалната телевизија Миленио, се гледа голем облак на чад над пазарот Сан Паблито.
Огнот речиси го уништи истиот маркет и во 2005 година, кога воочи одбележувањето на Денот на независноста на Мексико, исто така се случиле серија на екпслозии.
Позжар од слични размери го зафатил Сан Паблито и во 2006.