Убиен уште еден руски дипломат

Петр Полшков (56), високо-позициониран руски дипломат, пронајден е мртов во својот дом во Москва, јавија медиумите, додавајќи дека дипломатот имал прострелни рани во главата.

Информацијата за убиството ја објави Ren TV, набрзо по веста за атентатот на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов.

Полицијата ги испитува сите можни теории за ова убиство, пишува Daily Mail. Покрај телото во станот пронајдени се и две чаури. Пиштолот е пронајден во купатило под лавабото.

Ren TV објави видео снимки од местото на злосторството. Сопругата на дипломатот била во станот, но не е повредена.

Според наводите на медиумите, Полшков бил постар функционер во одделот за Латинска Америка при руското Министерство за надворешни работи.

Некои извештаи наведуваат дека дипломатот го напуштил министерството, но не е познато дали продолжил да работи за некоја друга владина служба.

Претходно бил на служба во руската амбасада во Боливија.