Австриската полиција уапси 25 годишен барател на азил од Мароко под сомнение дека планирал напади за божикните празници во Салцзбург, објави во вторник австриското обвинителство.
По претресот на прифатилиштето за азиланти во градот Фушл-ам-Сеу, каде што живеел Мароканецот, не биле пронајдени никакви материјали потребни за напад.
Мароканецот формално е обвинет дека е член на неспецифицирана „терористичка организација“.
Без оглед на тоа, Австрија распореди полициски засилувања на популарните јавни места и ги зајакна другите мерки за безбедност по нападот на божикен саем во Берлин во понеделник, во кој загина 12 луѓе.
Салцзбург е еден од главните австриски туристички центри, познат како родно место на Моцарт, како и по својот божикен саем.