Турските власти задржаа во притвор седум лица по убиството на рускиот амбасадорот Андреј Карлов во понеделникот вечерта во Анкара, јавуваат турските медиуми, и додаваат дека улицата на која се наоѓа руската амбасада ќе биде го носи името на рускиот амбасадор.
Родителите, сестрата, тројца роднини и цимерот на убиецот на рускиот амбасадор биле уапсени утрово, јавува турската агендија Анадолу. Членовите на семејството на убиецот Мевлут Мерт Алтинтас биле уапсени во турската југозападна провинција Ајдин, а по испитувањето биле одведени во регионалната безбедносна дирекција, рекол изворот на Анадолу, додавајќи дека цимерот на напаѓачот бил уапсен во Анкара.
Телото на убиениот амбасадор во вторник од Турција ќе биде префрлено во Русија. Во Анкара пристигнала делегација на руски истражители, односно тим од 18 лица кои заедно со турските претставници ќе учествуваат во истрагата за убиството на амбасадорот. Меѓу 18-те членови на рускиот тим има еден обвинител, двајца аташеа за безбедност, претставници на руското министерство за вонредна состојба, форензичари и психолози.
Доаѓањето на рускиот тим е договор на претседателите на двете земји, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин. Улицата во Анкара на која се наоѓа руската амбасада ќе биде наречена во убиениот руски амбасадор Андреј Карлов, изјавил во вторникот шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на почетокот на состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Донесовме одлука, турскиот премиер ме извести дека улицата ќе ја именуваме во Андреј Карлов. Се работи за улица на која се наоѓа зградата на руската амбасада“, рекол Чавушоглу, пренесува руската агенција Тас. Убиството на рускиот амбасадор во Анкара е прво убиство на претставник на Москва во последните 89 години, потсетува агенција Блумберг. Претходно во 1927-та година, во Варшава беше убиен советскиот амбасадор Пјотр Војков.