Турција го отвори новиот тунел под Босфор

Турските власти го отворија првиот подводен тунел за возила под Босфор кој ги поврзува европскиот и азискиот дел на Истанбул.

Свеченото отворање на тунелот Евроазија, кој поминува под Босфорскиот теснец, не се одложи иако земјата е во шок по убиство на рускиот амбасадор во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека одлуката да не се откаже од отворањето на тунелот е „одговор на тероризмот“.

„Не можеме да дозволиме тероризмот да ја преземе контролата на нашиот распоред“, изјави Ердоган.

Тунел е долг 5,4 километри, од кој 3,4 километри се под Босфор, тој има за цел да го олесни озлогласениот сообраќаен метеж во овој град од 18 милиони луѓе. Се очекува дека 120.000 возила дневно ќе го користат овој тунелот.

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов загина од еден турски полицаец, кој тогаш извикуваше слоган за сирискиот град Алепо и “Господ е голем”.