Техничкиот директор на Твитер поднесе оставка

Техничкиот директор на Твитер, Адам Месинџер, потврди поднел оставка, со што само ја потврди претходната најава за отпуштање на вработените од оваа американска социјална мрежа.

“Одлучив дека мора да го напуштам Твитер по пет години работа”, рече Адам, кој се заблагодари на основачот на група Џек Дорси за соработка.

Пред неколку недели оставката поднесе и другиот шеф на Твитер, Адам Бејн, кој се сметаше дека е „десна рака“ на Дорси.

Твитер има финансиски тешкотии да донесе нови инвеститори, затоа што се уште не успеа да има поголем профит од своето основање во 2006 година.

Оваа социјална мрежа во крајот на октомври објави дека ќе отпушти 350 работници, односно 9 отсто од својата работна сила.