Тачи: Имавме контакти со Трамп, специјалната соработка меѓу САД и Косово ќе продолжи

Косовскиот претседател Хашим Тачи добил уверување од администрацијата на новиот американски претседател ДоналдТрамп дека специјалната соработка помеѓу Косово и САД ќе продолжи, пренесуваат косовските медиуми.

„Не е тајна дека воспоставивме директни контакти со новата администрација на Трамп и дека не уверија дека специјалната соработка меѓу САД и Косово ќе продолжи во согласност со досегашната традиција“, рекол Тачи во говор на една трибина, пренесува приштинскиот весник Lajmi.

Запрашан околу тоа дали ќе биде косовски претседател уште еден мандат, Тачи рекол дека ќе го прифати мандатот „само доколку тоа го изберат и граѓаните на Косово“.