Швајцарците 11 пати побогати од светскиот просек

Секој Швајцарец „тежи“ повеќе од половина милион долари, откри банката Credit Suisse во годишниот извештај.

Според тој извештај, Швајцарците се 11 пати побогати од светскиот просек. Во моментот секој возрасен Швајцарец има просечен имот во вредност од 561.900 долари.

Извештајот за глобалното богатство го направи истражувачкиот институт на банката Credit Suisse.

Во извештајот  се наведува дека од финансиската криза 2008 година, приватниот имот на возрасните Швајцарци, изразен во долари, пораснал за 5,3 отсто, додека истовремено глобалното богатство пораснало за само 2,1 отсто.

Во моментот имотот на поединците во Швајцарија порасна на 3,5 трилиони долари, што е 1,4 отсто од светското приватно богатство, а Швајцарија е само 0,1 отсто од светската популација, пренесуваат медиумите.

По Швајцарците, најбогати се Австријците, чиј просечен имот е во вредност од 376.000 долари, потоа Американците со 345.000 долари и Норвежаните со 312.000 долари.

Според истиот извештај, богатството во Словенија изнесува 57.376 долари по жител, во Хрватска 22.303 долари, а во Србија 6.906 долари.