Вашингтон не ја отфрла можноста дека екстремистичките напади кои се случија изминатите две деноноќија во Турција, Швајцарија, Германија и Јемен, се меѓусебно координирани, изјави за телевизиската мрежа CNN, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби.
Запрашан за тоа дали САД веруваат дека споменатите напади се меѓусебно поврзани или станува збор за чинови кои се изолирани еден од друг, портпаролот на американската дипломатија Џон Кирби одговори „Мислам дека тоа е нешто помеѓу“.
„Јасно е дека терористичките мрежи се соочуваат со сериозните тешкотии, тие се под закана, особено Даиш (арапската кратенка за Исламската држава – ISIL)… Тие се обидуваат да организираат напади кои ќе предизвикаат големо внимание со мала употреба на своите ресурси, за да продолжат да привлекуваат луѓе на својата страна, заразувајќи ги со својата отровна идеологија. И, како што гледаме, тоа се случува во целиот свет. Заканата од терористите постои за сите“, рече Кирби.
Портпаролот на Стејт департментот уверува дека САС се подготвени „да разменуваат информации со сојузниците и партнерите во целиот свет, за да спречат слични напади“.
Во турската престолнина Анкара, во понеделникот вечерта на отворање на изложба на фотографии, младиот полициски службеник Мевлут Мерт Алтинташ го застрела рускиот амбасадор и притоа рани три лица а беше убиен во престрелка со турските безбедносни сили.
Во понеделникот вечерта, исто така, шлепер околу 80 метри возеше низ толпа луѓе собрани на божикниот пазар во германската престолнина Берлина, и притоа уби 12 луѓе а 48 повреди, од кои 18 се во критична состојба. Во кабината на возилото полицијата го пронајде телото на убиениот полски возач.
Претходно во понеделникот во швајцарски Цирих маскирано лица влегол во тамошниот Исламски центар, каде што имало десетина лица, главно од Африка и истрелал неколку куршума. Три лица се ранети, а телото на осомничениот напаѓач е најдено на околу сто метри од местото на нападот.
Во јужниот јеменски град Аден, каде што се седиштето на меѓународно признатата јеменска влада инаку во егзил, во неделата на 18-ти декември во експлозија на армијата беа убиени 49 војници. Самоубиецот се разнесе меѓу војниците кои биле наредени за подигнување плата, а се случи точно една седмица по ист таков напад во друга воена база исто така крај Аден кога беа убиени уште 44 јеменски војници при подигнување на месечниот надомест.