Церемонија на осветлување елка во сирискиот град Алепо била нарушена од експлозија на бомба само неколку метри подалеку од собраниот народ. Нема извештаи за евентуални жртви, пренесува телевизијата Russia Today (RT).
„Видовме голем блесок на светлината“, изјави репортерка на RT која го следеше настанот, дополнувајќи дека „многу од луѓето на плоштадот веднаш избегале“.
Сведоци на настанот велат дека најверојатно бил употребен минофрлач или претходно поставена експлозивна направа.
Инцидентот се случи на плоштадот „Azizieh“ во западниот дел на Алепо, кој е под цврста контрола на владата. Церемонија на осветлување божиќно дрво не се одржала уште од почетокот на воените судири во градот во 2012 година.
Балконите на куќите околу плоштадот се украсени со сириски и руски знамиња, додека стотици членови на христијанското малцинство во некогаш најголемиот град во Сирија симболично го слават враќањето на нормалниот живот откако владините сили повторното го зазедоа градот на почетокот на декември.
Низ градот, при крај е евакуацијата на бунтовници и цивили кои не сакаат да живеат под контрола на владата. Владините сили се очекува да влезат во источните делови на Алепо во следните неколку дена.