Австриската полиција на жените ќе им подели 6.000 рачни аларми

Австриската полиција во пресрет на новогодишните празници планира на граѓаните, во прв ред на жените, да подели околу шест илјади рачни сигнализатори за спречување на евентуални сексуални напади, соопшти во вторникот министерството за внатрешни работи.

„Станува збор за операција на национално ниво, којашто се спроведува по повод празнувањата на крајот од годината и е насочена првенството за заштита на жените“, се наведува во изјавата на портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи Карл-Хајнц Хрјундбек, кого го цитира агенцијата AFP.

Алармите чијашто цена е 3,5 евра по парче, ќе бидат делени бесплатно. При активирање на уредот испушта продорен звук, со цел да го заплаши потенцијалниот напаѓач и да испрати предупредување.

Традиционално стапувањето на Новата година на улиците низ градовите ширум Австрија го празнуваат илјадници локални жители и туристи. Австриските власти ги засилуваат безбедносните мерки во текот на празничните денови, како и поради понеделничкиот напад на божикниот базар во Берлин, така и поради минатогодишните настани од прославата на Нова година во соседна Германија.

Ноќта кон 1-ви јануари 2016 година врз илјадници жени во центарот на германскиот град Келн беа извршени масовни напади од страна на бегалци и доселеници, главно од северноафриканските и блискоисточните земји. Полицијата само во Келн доби повеќе од 700 пријави за сексуални напади и две силувања, а стотици слични случаи беа пријавени и во другите германски градови, како Хамбург, Штутгарт, Берлин, Франкфурт. Такви случаи, во помал обем, беа пријавени и во Шведска, Финска, Австрија, Швајцарија и други западноевропски земји.