Американската војска соопшти во вторник дека ја завршила кампањата против огранокот на Исламска држава(ИД) во Либија, откако падна последното упориште на оваа организација во Либија.
Африканската команда на војската на САД соопшти дека извела 495 воздушни напади на возила и позиции на екстремистите во Сирт.
Во соопштението се наведува дека САД и натаму ќе ја помагаат Либија во спротивставувањето на заканата на ИД.