Две жртви и двајца исчезнати во невремето во Италија

Во невремето кое од четвртокот ја погоди Италија загинале две лица а други две се сметаат за исчезнати, на северот и на југот од земјата, објавија во саботата ноќта италијанските медиуми.

Недалеку од Џенова загинал 73-годишен рибар, а во Пиемонт, соседниот регион, спасувачите во саботата го пронашле телото на 70-годишно лице. Двајца мажи се водат како исчезнати на Сицилија.

Иако дождовите во саботата престанаа да врнат во најголемиот дел од земјата, италијанската служба за цивилна заштита го задржа црвеното ниво на тревога за саботата во некои области од Калабрија, Ломбардија и Емилија-Ромања.

Во областите кои најмногу беа погодени со бурите, неколку стотици луѓе се евакуирани од домовите, а многу патишта, училишта и деловни објекти се затворени во северозападните региони Пиемонт и Лигурија.

Целата Италија е погодена од невремето, вклучително и главниот град Рим, како и централна Италија, којашто неодамна беше погодена од серијата силни земјотреси.