Шест лица починале во австралиската метропола Мелбурн, поради напади на астма предизвикани од бурата, соопшти владата на сојузната држава Викторија.
Поради обилните дождови и ветрови, кои започнаа во понеделникот, низ сојузната држава Викторија е развеан поленот од растението познато како овесна трева. Алергијата на овој полен предизвикува напад на астма којашто ја нарекуваат „бурева“, односно се јавнува во периоди на бурите.
Во моментов уште 12 лица се во хоспитализирани во врска со рeспираторни и други заболувања, од кои три се во критична состојба. Болнички третман веќе минале илјадници луѓе, пренесува Reuters.