Стивна музиката во Хавана, Куба ќе се простува девет дена од КастроХавана

Фидел Кастро, кој почина на 90-годишна возраст во 22.29 часот во петокот по локално време, во 4.29 часот во саботата утрото по македонско време, ќе биде погребан на 4-ти декември во источниот град Сантјаго де Куба, колепката на револуцијата, по четиридневната процесија преку целиот остров.

Одборот задолжен за организација на закопот објави дека Фидел Кастро ќе биде кремиран и дека урната со неговата пепел ќе биде погребана на гробиштата Снанта Ифигенија, на коишто почива и националниот херој Хозе Марти.

Пред тоа процесијата од 30-ти ноември до 3-ти декември ќе минува низ целата Куба, следејќи ја во спротивна насока рутата на „Карванот на слободата“ со којашто пред 58 години Фидел Кастри го поврза Сантјаго со Хавана, во којашто триумфално влезе на 8-и јануари 1959 година.

Од понеделник до петок урната со пепелта ќе биде изложена во меморијалниот центар „Хозе Марти“ на Плоштадот на Револуцијата во Хавана, на кој Кастро одржа многу познати говори, Жителите на градот тогаш ќе може да му одадат почит. Во вторник во 19 часот по локално време, во Хавана на истото место ќе можат последен пат да го поздрават таткото на кубанската револуција, пред неговата пепел да тргне на патувањето од илјада километри кон вториот најголем град во земјата.

Во Сантјаго, единствениот град кој го доби статусот „херојски“ поради својот придонес во уривањето на диктаторот Фулгенсио Батиста во1959 година, ќе биде на 3-ти декември организирана нова голема церемонија на Плоштадот Антонио Масео.

Погребот, на кој ќе присуствуваат многубројни светски челници, ќе се одржи следниот ден, со почеток со 7 часот утрото по локално време, соопшти во саботата одборот. Претходно во саботата кубанската влада соопшти дека

Кубанците веројатно засекогаш ќе се сеќаваат на денот кога е објавено дека умрел Фидел Кастро. Музиката стивна во целата авана, а жителите побрзаа да ги разбудат своите најблиски и да ги известат за неубавата вест.

Улиците се испразнија откако помладиот брат, актуелниот претседател Раул Кастро, на државната телевизија во петокот околу полноќ по локално време извести за смртта на Фидел Кастро. Раул не ги објави деталите за смртта на Фидел. Се претпоставува дека починал во својот дом во Хавана каде живееше откако отстапи од власта во 2006 година поради здравствени проблеми.

„Сите занемевме. Беше тоа многу тажен момент“, вели Јаимара Гомез, која во тој момент била во хотел, на своето работно место. Вработениот во автоперална, 20-годишниот арко Антонио Диаз, бил на забава кога музиката одеднаш прекинала. „Заминав дома, ги разбудив домашните и им кажав дека Фидел умрел. Мајка ми беше шокирана“, вели за AFP.

Додека веста за смртта на Фидел Кастро се ширеше по Куба, на улиците на Мајами, американскиот град со најмногу Кубанци кои живеат таму во егзил, се славеше и играше. Меѓутоа, во Хавана се тагуваше.

„Да се загуби Фидел, е како да сум го загубил таткото – водачот, човекот кој беше светилник на нашата револуција“, вели 42-годишниот пекар Михаел Родригез. Веста го затекнала во пекарницата, ја слушнал на радио.

Кастро многумина, посебно надвор од Куба не го поднесуваа бидејќи не се согласуваа со неговите ставови, но, од друга страна, мноштвото во земјата го сакаа бидејќи им овозможуваше бесплатна здравствена грижа и бесплатно образование,. За 70 отсто од жителите на Куба, а го има 11 милиони, Фидел Кастро беше единствениот и незаменлив челник.

„Родена сум во времето на револуцијата и навистина сум тажна. Беше единствен, човек со доблести и со недостатоци. Тоа е голема загуба. Беше голем човек ој никога нема да биде заборавен… без оглед на тоа дали станува збор за неговите непријатели или пријатели“, вели 55-годишната чистачка Микаела Консуегра.

„Тешко е да се поверува дека Фидел замина“,вели 56-годишнта домаќинка Бланка Комбрера, додавајќи дека се сеќава на последниот јавен говор на Кастро, одржан на конгресот на Комунистичката партија на почетокот од годинава. Како да претчувствуваше тогаш дека му се ближи крајот.

„Наскоро ќе заминам како сите други,“, рече Фидел Кастро на партискиот конгрес во април. „Како да се подготвуваше за овој момент. Но ќе биде со нас и во годините коишто доаѓаат, Тоа ќе ни ја ублажи болката“, вели Комбрера“.