Сириската армија зазема ново важно упориште на бунтовниците во источно Алепо

Сириските војници со поддршка на сојузничките провладини локални милиции целосно под своја контролата го заземале квартот Масакин-Ханано, едно од најголемите и стратешки најважни упоришта на бунтовничките исламистички групации во источниот дел на вториот по големина град во земјата Алепо, пренесува во саботата либанската арапска телевизија.

Единиците на сириската војска на владата на претседателот Башар ал-Асад неколку дена под жесток оган ја држеа населбата Масакин-Ханано, кој фактичко го отвора преминот од северниот дел подлабоко кон источните квартови на Алепо. Владините сили во овој сектор главно се борат со вооружената коалиција Џаеш ал-Фатах, во која е и Џебхат ал-Фатах ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нисра сириското крило на Ал Каеда.

Уште во понеделникот сириските владини сили ги пробија првите борбени пробија позиции на бунтовниците во Масакин, но дури во сабота успеале да го да го скршат отпорот и потполно да ја преземат контролата врз квартот.

Во меѓувреме, дел од војниците се оставени да вршат чистење на квартот, а дел веќе се упатени во операцијата за заземање на квартот Хајдари, кој уште е под контрола на бунтовниците, пренесе државната новинска агенција SANA. Во извештајот се наведува дека војската настојува да го подели териториите кои се контролирани од бунтовничките групи на три зони, потоа да ги опколи и да ги принуди да го положат оружјето. Нападот се поддржан со силен артилериски оган, се додава.

Во вторникот сириската команда ги повика бунтовниците кои уште се утврдени во некои од источните квартови на северниот град Алепо „да го искористат најновиот указ за општа амнестија, и да го положат оружјето, враќајќи се на секојдневниот живот“. Војската, исто така, бараше радикалните исламистички групи да го прекинат крвопролевањето бомбардирајќи станбени населби и да не го користат населението како човечки штит.

Последните неколку месеци ситуацијата во Алепо е крајно влошена по пропаѓањето на американско-рускиот договор за примирје, откако сириската армија најави операции за целосно враќање на контролата на стратешки важниот град кој од 2014 година е поделен на квартови кои ги држат владините сили и квартови на истокот под контрола на вооружените опозициски сили кои се во коалиција со радикалните исламисти.