Бомбаш самоубиец се разнесе убивајќи најмалку 27 луѓе во шиитска џамија во Кабул, главниот град на Авганистан, соопшти полицијата.
Други 35 луѓе беа повредени во експлозијата во џамијата Баќир ул Олум, пренесува британски BBC
Напаѓачот стоел насред голема група на луѓе внатре во џамијата пред да јa активира бомбата, вели полицијата. Досега никој не презел одговорност за нападот.
Авганистан досега беше поштеден од секташко насилство присутно во Пакистан и Ирак. Но шиите, кои сочинуваат околу 15 проценти од населението во Авганистан беа цел на напади неколку пати во последните неколку месеци.
Најмалку 14 луѓе загинаа во вооружен напад врз шиите во Кабул во октомври. Во јули, во напад за кој одговорност презеде таканаречената Исламска држава загинаа 80 луѓе. Нападот се случи за време на протестен марш на шиитското население во Кабул.