Четиринаесет турски војници се убиени во жестоките борби против т.н. Исламска држава во Сирија, соопшти турската армија.
Судирите се случиле во градот Ал Баб, во кој Турција им помага на бунтовниците да ја преземат контролата од Ислмаската држава.
Официјални извори, на кои се повикува британски BBC, соопштиле дека 33 турски војници биле повредени.
Тоа е најголема загуба на турската војска во еден ден од започнувањето на воената интервенција во Сирија во август.
Армијата соопшти дека ИСИС извршила неколку напади со бомбаши-самоубици и дека 138 борци на терористичката група се убиени во борбите.