Две момчиња, кои имале полициско досие, убиени се ноќеска во Нови Сад, со тап предмет, соопшти полицијата, а пренесоа српските медиуми.
Според јавниот обвинител се работи за тешко убиство, а полицијата трага по сторителите.
„Večernje novosti“ јавува дека убиените се Дарио Рок Луцер и Драган Јовановиќ – Гидра. Белградскиот весник наведува дека Гидра бил водач на навивачката група на фудбалскиот клуб Војводина „Фирма“, а во септември годинава преживеал, кога бил ранет од заседа.
Двете жртви порано вечерта во еден угостителски објект се расправале со група момчиња, а инциденотот ескалирал пред кафеаната, каде овие се претепани со дрвени и метални прачки.
Претходно во медиумите се појави информација дека имало пукање, но од полицијата тоа го негираат.
Јовановиќ имал 36 пријави за разни кривични дела, а пет пати е осудуван. Во летото бил ранет од огнено оружје.