Египет апси за снимање „ранети деца во Алепо“

Египетската полиција уапси припадници на наводна медиумска групација која се подготвувала да објави „репортажа од Алепо“ снимајќи ја во урнатини на дивоградби во египетскиот град Порт Саид, објави министерството за внатрешни работи на Египет, кое на својата веб страница го објавува и сведочењето на девојче и на фотографот.

Египетското министерство за внатрешни работи објави претходно дека полицијата уапсила ма поради снимање деца, и оти тие слики ги поставил на социјалните мрежи наводно како фотографии од урнатини и ранети од сирискиот Алепо. Оваа филмска екипа во која влегувале и помошник на снимателот и родителите на малечките „актери“, се приведени во покраината Порт-Саид.

Тие по кратката истрага признале дека имале намера само да ги стават снимките на интернет со потписот „крвта на децата во Алепо“.

На фотографот му е одредена четиридневен притвор, а другите возрасни членови на „екипата“ се пуштени на слобода со кауција.

Египетските медиуми наведуваат дека последните неколку месеци на социјалните мрежи редовно се појавуваат фотографии и видео снимки наводно направени во разурнатото Алепо. Повеќето од овие материјали се проследени со коментарите дека ги покажуваат „ѕверствата“ што ги прави сириската владина војска врз цивилите и се пренесуваат во западните медиуми, но досега нема потврда за нивната автентичност.

Полицајци случајно биле сведоци на снимањето, кога патролирале покрај остатоците од неодамна по налог на локалните власти урнати дивоградби. Министерството објави дека снимателот се обидувал да го објави или да го продаде материјалот како наводно последица од воените уништуваа и страдања во северниот сириски град Алепо.

На видеото девојчето е прикажано со фустан на кој има црвени дамки и во рацете држи сомотно мече, исто така, со наводно крвави траги. Полицијата објави дека всушност на облеката нема крв, туку црвена боја.

Во сликовитото сведоштво на девојчето коешто го објавува министерството за внатрешни работи на Египет се наведува дека „чичко Мустафа“, кој е на возраст од околу 25 годни, ги ставил учесниците во неговото снимање во автобус и ги однел до напуштена зграда.

„Чичко Мустафа рече дека треба да носам фустан со крв, и тој направи неколку фотографии“. „Тоа на фотографијата е наводно крв од воздушните удари на сириските сили: Во Алепо?“, прашува полицаецот. „Да, но сето тоа е идеја на чичко Мустафа, тој предложи да се направат фотографиите“, заедно одговараат мајката и нејзината ќерка.