Радовишанка која се возела како сопатничка на трактор паднала по што се здобила со тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, околу 16 часот во Радовиш, на ул. „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода во која С.С. (63) од Радовиш, додека управувал трактор „Форд S-26“ со приколка без регистарски ознаки, во еден момент од тракторот паднала сопатничката Н.С. (62) од Радовиш.
Таа се здобила со тешки телесни повреди по што е пренесена во Медицински центар Штип каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Жената се наоѓа во животна опасност.
Увид на место на настанот извршила увидна екипа на ПС Радовиш.