Геолози откриле масивен расед на Земјата

Геолозите од Австралискиот национален универзитет во Канбера и од Ројал Холовеј универзитетот во Лондон, откриле постоење на отворен расед на Земјата. Ова откритие би можело да им помогне да во решавањето на загатката како се формирал 7,2 километри длабокиот амбис во Тихиот Океан.

Овој расед се наоѓа во источна Индонезија и е откриен на дното на Бандското Море, а поминува низ ткн. „Огнен прстен“, регион каде што се случуваат речиси 90 проценти од сите земјотреси во светот и каде се наоѓаат 75 проценти од активните вулкани.

Речеси еден век истражувачите знаат за огромниот амбис „Weber Deep“ што се наоѓа во близина на островите Малуку во Индонезија, кој ја формира најдлабоката точка во океаните на Земјата, а не се наоѓа во рамките на ров, но се досега тие не можеа да објаснат како е формиран амбисот.

Геолозите од Австралискиот Национален Универзитет во Канбера и од Ројал Холовеј Универзитетот во Лондон, направиле истражување преку анализа на картите од морското дно во регионот на Бандското Море во Тихиот Окен и откриле дека на карпите од морското дно се наоѓаат стотици паралелни бразди.

Симулациите покажале дека огромно парче од кората, поголемо од територијата на Белгија, во одреден момент било раздвоено со голем процеп или расед во океанските плочи, при што се формирал длабок потрес во морското дно.

Оваа активност го оставила зад себе најголемиот расед што некогаш е детектиран на Земјата, што научниците го нарекле Бандски расцеп (Banda Detachment).

Стимулациите исто така покажале дека кога се случила оваа пукнатина на моркското дно. Бандскиот расцеп се протегал на 60.000 квадратни километри.

Оваа хипотеза била потврдена на самото место, кога истражувачите идентификувале испакнатини во вода кои биле формирани како последица од Бандскиот расцеп.

Според научниците, фактот дека амбисот „Weber Deep“ е формиран на местото на изложеност на „Бандскиот расцеп“( односно на местото каде што тој е отворен ), може да им помогне да откријат на кој начин се формирал.

Ова откритие исто така може да им помогне на гелолозите да ги предвидат движењето во еден од тектонски најактивните региони во светот „Огнениот прстен“ во Тихиот Океан, кој се протега на 40.000 километри.