Млад Финец застрела две новинарки и политичар

Млад 23-годишен Финец смртно застрела три жени, две новинарки и локална политичарка во финскиот град Имарта недалеку од границата со Русија, соопшти во неделата локалната полиција.

„Една од убиените беше претставничка во градскиот совет, а двете други се новинарки“, изјави во неделата на прес-конференцијата челникот на истрагата.

Мотивите за тројното убиство на младиот човек засега не се познати.

„За мотивите уште немаме информации. Осомничениот уште не е испрашан, Тој, веројатно, ќе го открие тоа кога подоцна во текот на денот ќе биде испитан“, додал претставникот на истрагата за убиството кое се случило ноќта кон неделата во Имарта.

Сепак, полицијата смета дека мотивите за убиствата не се ниту политички, ниту идеолошки. Убиецот пукал од пиштол, кое не го поседувал, а полицијата сега испитува како дошол до него.

„Многу добро ги познавав убиените, претседателката на градскиот совет Тина Вилен-Јапинен, и двете новинарки. Претседателот на советот е многу блиска по позицијата до градоначалникот и заедно работевме долги години“, изјави градоначалникот Иматра, Перти Линтунен за телевизијата МТВ3.

Додава дека градот е потресен и шокиран, а и самиот тој се прашува дали убиствата се извршени намерно, но оти сé посочува дека умисла за трагедијата нема.