Хокинг отпуштен од болницата во Рим

Познатиот британски физичар и космолог Стивен Хокинг отпуштен е во саботата од болницата во италијанската престолнина Рим по дводневните испитувања, соопштија лекарите.

Седумдесет и четиригодишниот Стивен Хокинг во Рим учествуваше на Понтофикалната (папска) академија на науките. На 25-ти ноември во Ватикан одржа предавање „За потеклото на Вселената“ а во понеделникот се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, а во четвртокот ноќта беше сместен во римската болница „Гемили“.

Болницата, којашто се смета за една од најдобрите во која се лекуваат папите,објави во саботата дека Хокинг се чувствува добро и дека се враќа во Велика Британија.

Хокинг, кој се прослави со книгата „Куса историја на времето“, продадена во тиражи од 10 милиони примероци, зборува преку компјутер и патува со придружба во која се вклучени и две болничарки. Тој одржа говор во Ватикан, на 25-ти ноември за потеклото на Вселената.

Хокинг, теоретски физичар е познат како популаризатор на науката, се занимава со потеклото на космолошката посебност, односно привичната состојба на Вселената, од којашто таа, според теоријата за Големиот тресок, постојано се шири.

Во 1963 година, на тогаш 22-годишниот Стивен Хокинг му била дијагностицирана „амиотрофична латерална склероза“ (АЛС). Лекарите тогаш сметале дека му преостануваат уште две до три години живот. За среќа нивните предвидувања не се остварија, тој ја продолжи својата научна работа, двапати се женеше и е татко на три деца.

Дури и целосно парализиран и врзан за специјално опремената количка, Хокинг води доста активен живот, се занимава со науката, предава, и настапува на научни собири ширум светот, општејќи со светот преку специјалниот компјутеризираниот синтетизатор на говорот.