Девет мртви во пожар во ноќен клуб во Калифорнија, има исчезнати

Најмалку девет лица ги загубиле животите во пожар во ноќен клуб кај Сан Франциско, соопштија локалните власти во саботата, а се трага по уште дваесетина луѓе..

Пожарот избувнал во петокот во 23,30 часот, полокално време во Окленд, соопшти полицијата. Во клубот во тој момент се одржувал концерт на електронскиот бенд Golden Donna.

На Facebook страницата на клубот е наведува дека има и исчезнати лица, Локалните медиуми, пак, пренесуваат дека на концертот имало50посетители, и дека се трага по 25 од нив.

Се наведува, исто така, дека не станува збор за класична концертна сала, туку за зграда во која востановите се сместени разни уметници и клубови.