Со триумф на Розберг заврши сезоната во Ф1

Нико Розберг, возачот на Мерцедес, победи на трката за Големата награда на Абу Даби, со која заврши сезоната во Формула 1. Германецот на патеката „Јас Марина“, стигна до шестата победа во сезоната, вкупно 14-та во кариерата.

Розберг, заслужено победи во Абу Даби, а сама трка не понуди никакви возбудувања, Германецот ја водеше трката од почетокот до крајот. Може да се каже дека вистинскиот јунак на трката е Себастијан Фетел, кој поради грешката во квалификациите стартуваше од 15-то место, но трката ја заврши на четвртото место.

Покрај Розберг место на победничкиот пиедестал изборија светскиот првак Луис Хамилтон и возачот на Ферари Кими Раиконен.

Бодови во Абу Даби уште освоија Фетел, Перез (Форс Индија), Рикардо (Ред Бул), Хилкенберг (Форс Индија), Маса (Вилијамс), Грожан (Лотус) и Квјат (Ред Бул).

Хамилтон сезоната ја заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а тре во генерланиот пласман е Фетел со 278 бодови.

Наредната сезона во Формула 1 ќе започне ан 20.март со трката за Големата награда на Австралија.