Штрајк на фудбалерите на Пелистер

Фудбалерите на Пелистер и стручниот штаб денес од 13.30 часот се собраа пред Општина Битола и пред компанијата „Цермат“ кои се обрзани според договоророт до 1 јуни да ги испочитува долговите кон сите структури во клубот, а тоа не го направија.

Почитувани,
Бараме од вас како сопственици на ФК ПЕЛИСТЕР АД да ги подмирите заостанатите плати и хонорари (март, април, мај и јуни) спрема сите вработени и ангажирани лица во клубот.

Фудбалерите од првиот тим веќе 10 дена тренираат и се подготвуваат за почетокот на првенството, исто така и тренерите на младите категории ги одржуваат тренинзите, но состојбата е неиздржлива. Имате рок до 13.00 часот во понеделник  да не информирате за статусот на клубот, дали ќе има нови сопственици или ќе продолжи неизвесноста.

Доколку не се реши нашата ситуација до горенаведениот рок, ја повикуваме целата Битолска јавност во понеделник во 13.00 часот да ни се придружи пред Општината а потоа и пред „ЦЕРМАТ“.