Реал и Борусија во потера по рекорди

Фазата по групи во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017 ќе заврши вечерва кога ќе бидат одиграни натпреварите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х. Во овие четири групи останаа уште два слободни билети за влез во осминафиналето.

Лион или Севилја, односно Порто или Копенхаген се дилемите кои ќе бидат разрешени вечерва во Лигата на шампионите.

Во Г групата, Порто ќе го пречека Лестер кој веќе ја обезбеди првата позиција, додека Копенхаген ќе гостува кај отпишаниот Бриж. Копенхаген мора да победи и да се надева дека Лестер ќе остане непоразен во Порто. во случај на ист број на бодови Копенхаген ќе биде втор поради подобриот меѓусебен скор.

Јувентус со победа над Динамо Загреб ќе ја завери првата позиција во Х групата. Италијанскиот првак е апсолутен фаворит бидејќи за протик има тим кој сеуште нема постигнато гол во фазата по групи.

Лион ќе ја пречека Севилја и со победа од два и повеќе гола разлика ќе си обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри тимови во Европа.

Интересно треба да биде и во Мадрид, каде Реал и Борусија се борат за првото место во групата, а и се во потера по рекорди. Реал ако остане непоразен ќе го собори клупскиот рекорд на непобедливост. „Кралскиот клуб“ е во серија од 33 натпревари без пораз, во сите конкуренции. Последен пат Реал загубил во април годинава од Волфсбург во Лигата на шампионите.

Борусија пак во досегашните пет натпревари има постигнато 19 голови и уште еден и недостасува да се израмни со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кои во сезоните 1998/99 односно 2013/2014 групната фаза ја завршувале со 20 постигнати погодоци.

Емотивно ќе биде и во Лондон, каде Тотенхем ќе го пречека тимот на ЦСКА кој од клупата последен пат ќе го предводи Леонид Слутски. Овој искусен тренер од 2009 година е тренер на ЦСКА.

 Група Е:

Баер Леверкузен-Монако

Тотенхем-ЦСКА

Табела: Монако 11, Леверкузен 7, Тотенхем 4, ЦСКА 3

 

Група Ф:

Реал Мадрид-Борусија Дортмунд

Легија-Спортинг

Табела: Борусија 13, Реал 11, Спортинг 3, Легија 1

 

Група Г:

Порто-Лестер

Бриж-Копенхаген

Табела: Лестер 13, Порто 8, Копенхаген 6, Бриж 0

 

Група Х:

Јувентус-Динамо Загреб

Лион-Севилја

Табела: Јувентус 11, Севилја 10, Лион 7, Динамо 0.