НБА: Вестбрук како Мајкл Џордан

Расел Вестбрук со секој нов натпревар испишува историја во НБА лигата. Изминатата ноќ, Вестбрук, го забележа петтиот трипл дабл учинок во низа, со што го израмни рекордот на легендарниот Мајкл Џордан поставен во 1989 година.

Како сега стојат работите, најесериозниот кандидат за МВП титулата, Расел Вестбрук, ја предводеше екипата на Оклахома до победата над Њу Орлеанс 101:92. Вестбрук забележа 28 поени, 17 скокови и 12 асистенции и стана прв играч по Мајкл Џордан кој запишал трипл дабл на пет натпревари во низа.

Во победата над Њу Орлеанс плејмејкерот доби поддршка од Енес Кантер (17 поени, 10 скокови), Виктор Оладипо (15 поени) и Рајан Андерсон (13 поени).

Њу Орлеанс не успеа да го избегне поразот иако Ентони Дејвис одигра уште еден брилијантен меч кој го заврши со 37 поени и 15 скокови.

Индијана успеа да надомести негатива од 15 поени по првата четвртина и да слави во Лос Анџелес против Клиперси 111:102. Индијана до само втората гостинска победа сезонава ја предводеа Тадеус Јанг со 17 и Пол Џорџ со 16 поени. Кај Клиперси Блејк Грифин оствари 24 поени и 16 скокови, а Крис Пол 18 поени и 11 асистенции.

Њујорк го совлада Сакраменто 106:98 и ја забележа осмата победа на последните 11 натпревари. Кармело Ентони и Дерек Роуз постигнаа по 20 поени за Никси, додека Сакраменто го предводеше Демаркус Казинс со 36 кошеви и 12 скокови.

Орландо славеше во Детроит 98:92 благодарение на учинок на своите центри Серж Ибака (21 поен) и Никола Вучевиќ (16 поени).