Лулиќ со нареди кон Ридигер: До пред две години продаваше чорапи

Фудбалерите на Лацио тешко го поднесоа поразот од Рома 0:2 во дербито „ Дела Капитале“, а особено поразот не можеше да го поднесе репрезентативецот на Босна и Херцеговина Сенад Лулиќ, кој поради изјавите се соочува со суспензија до италијанската Федерација.

Сенад Лулиќ, по реакцијата на медиумите за неговата расистичка изјава за дефанзивецот на Рома Антонио Ридигер, најверојатно ќе биде суспендиран на неколку натпревари.

„До пред две години во Штутгарт продаваше чорапи и ремени, а сега се однесува како да е феномен. Безобразен е“, рекол Лулиќ.

На оваа изјава на репрезентативецот на Босна и Херцеговина веднаш реагираше капитенот на Рома, Даниеле Де Роси.

„Неговите зборови се грди и за нев нема оправдување. Сепак кога ќе загубите ваков меч се случува да кажете нешто за што подцна ќе се каете. Се надевам дека се ќе остане по страна“, рекол Де Роси.

Во „случајот Лулиќ“ сега на потег е Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија.