Кире Лазаров предводник на идеалниот тим

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, го предводи идеалниот тим на деветтото коло во Лигата на шампионите. Свое место во идеалната постава на колот избори и голманот на Вардар Страхиња Милиќ.

Кире Лазаров, одигра брилијантен меч против францускиот шампион ПСЖ и со девет гола од 11 обиди, ја предводеше Барселона до победата 35:32. Блескавата партија на капитенот на македонската репрезентација му обезбеди место во идеалната седумка на деветтото коло, во Лигата на шампионите.

Во тимот на колото место избори и голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, но тој со своите 12 одбрани во второто полувреме не успеа да го спречи поразот на „црвено црните“ во Кјелце (27:24).

ЕХФ ЛШ: Тим на деветтото коло:

Голман: Страхиња Милиќ (Вардар)

Лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха)

Лев бек: Сејад Естеки (Динамо Букурешт)

Среден бек: Борис Пукховски (Мотор Запорожје)

Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)

Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)

Пивот: Игор Вори (ППД Загреб).