Зеднички, традиционален велигденски ручек на преставниците од Ромската исламската верска заедница од нас.Тризла и МПЦ

Градоначалникот Марјан Ристески денеска присуствуваше на традиционалната  средба по повод Велигденските празници помеѓу преставниците на Ромската исламската верска заедница од населбата тризла и преставниците од МПЦ од прилепското архиерејско намесништво, која се организира по осми пат под покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот на Прилеп. 

 Средбата преставува традиционален ручек кој по повод велигденските празници го органзира  МПЦ заедно со преставницте на Ромската исламската верска заедница од Тризла . Ручекот помеѓу преставниците  од Ромската исламска верска заедница и МПЦ и овој пат се одржа во црквата „Св.Благовештение“. Традиционалниот велигденски ручек има за цел да го одржи  соживот и толеранција помеѓу двете верските заедници „ и  ова средба е само добра можност за меѓусебно разбирање и почитување  ,што е клучен сегмент  за мир и соживот во градот ,кој треба да го негуваат и иднте генерации “истакна градоначалникот на Прилеп на оваа средба .

Инаку, по повод одбележувањето на Курбан Бајрам , преставници од МПЦ секогаш се поканети на заедничкиот ручек , во огранизира  на ромската исламска заедница од Тризла .