ВО БРЕЗОВО И ВЕЛМЕВЦИ ОДБЕЛЕЖАНА 112 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА

Висока делегација на Општина Демир Хисар предводена од секретарот на општината Љупчо Ангелевски, денеска присуствуваше на чествувањата по повод 112 годишнината од херојската смрт на демирхисарскиот војвода Јордан Пиперка што општината ги организираше во селата Брезово и Велмевци.

Најпрвин делегацијата присуствуваше на откривањето на спомен плочата што Националната установа за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола ја постави на Кулата во селото Брезово. Оваа спомен плоча е дел од активностите на проектот Санација и нонзервација на кулата на Јордан Пиперката што заеднички го реализираат Општината и Заводот. По чинот на откривање на спомен обележјето на Кулата на Јордан Пиперката, историчарот Славчо Велјановски и д-р Викторија Момева Алтипармаковска, конзерватор во Заводот, одржаа пригодни историски предавања за животниот и револуционерниот пат на Војводата како и за планираните активности за делумна реставрација на ентериерот на Кулата со цел пренамена во мал музеј во кој што ќе бидат поставени фотографии и афтентични предмети пронајдени во објектот.

По свеченоста во Брезово, општинската делегација се упати во селото Велмевци. Таму, заедно со официјалните претставници на местната заедница, двете делегации ги посетија гробовите на Јордан Пиперката и неговите соборци кои се е погребани на местото Черешна крај Велмевци. По положувањето на цвеќе, се одржа мал историски час.

Општина Демир Хисар последниве години практикува нагласен интерес кон заштитата на културното наследство, а особено кон одбележувањето на значајните историски настани и личности. Така што, до пред 2010та, општината воопшто не организираше никакви чествувања – како во Брезово, така и на гробот на Пиперката во Велмевци.