ВМРО-ДПМНЕ: ЕК да каже кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во земјата

ВМРО-ДПМНЕ, споделувајќи ја загриженоста на Европската Комисија, јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа.

„ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.