Тракторијада во Општина Могила

Производители на механизација и земјоделски машини, производители на земјоделски производи кои се користат во сточарството, банки и земјоделци од Пелагонија зедоа учество на тракторијадата во општината Могила. 

Денес се случува голем настан кој е важен и за нас и за цела држава. Тракторијадата малку како да беше подзаборавена и со ЦРППР дојдовме до заклучок да го организираме овој настан бидејќи Могила е центар на Пелагонија каде сите производители ќе бидат присутни. Целта е да прерасне во државен натпревар од сите категории“ – пренесе Стево Пивковски, градоначалник на општина Битола

„Идејата на ЦРППР е повторно да се возобнови натпреварувачкиот дел и во различни дисциплини земјоделците да се натпреваруваат. За нас како коорганизатори заедно со општина Могила тоа е исклучително важно бидејќи многу работиме во делот на поттикнување и искористување на сите мерки. За нас е важно младите фармети од овој регион да го наследат она што го работат нивните родители и да го унапредат. Целта е да покажеме дека современата механизација и нејзината употреба е нешто кое треба да биде секојдневие на секој фармер“ – изјави Емилија Ѓероска, раководител на ЦРППР

Тракторијадата во Могила е дел од месецот на авантура што го организира Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Од средината на септември досега, во рамките на проектот Открија ја Пелагонија, неколку илјади домашни туристи ги посетиле 15-те различни настани во 5 пелагониски општини.