Сончево со мала облачност

Сончево со мала облачност, вдолж Повардарието со умерен северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 Целзиусов степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во четврток ќе има услови за појава на утринска магла по котлините. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот.