СДСМ: Се местеле тендери и се земала провизија од 25 милиони евра за автопати

Местење тендери за РЕК Битола, за железнички место на тендер, со закон се планира изградба на автопати, незаконски да се сменат фасадите на ЕВН и Сити галери, откриваат наводно прислушуваните разговори, меѓу владини функционери, што во четврток и објави опозицијата како т.н. 14 `бомба`.

 „Денеска сите ќе бидеме сведоци, како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчуствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во првиот презентиран разговор, се слушаат, како што рече Заев, Груевски и директорот на РЕК Битола, Владо Чинговски, како договараат тендер што треба да го добие сопственикот на Сител телевизија Горан Ивановски.

Груевски наводно му дава упатства на Чинговски да ја преземе целата работа околу тендерот затоа што Ивановски многу им значи, а од Чинговски добива уверување дека ќе направи сè што е во негова можност. Чинговски наводно во разговорот признава дека на Ивановски му сугерирал освен неговата фирма во Кратово да се спои во козорцуим со друга, за да успеаат на тендерот во РЕК Битола.

На снимката се споменува и лицето К.Б. за кое Зеев кажа дека е генералниот владин секретар Кирил Божиновски.

„Премиерот Никола Груевски подготовувал амбиент за местење на тендерот за железничката пруга Куманово-Бељаковце“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по што презентира разговори меѓу Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Груевски во шифри зборува со фирми од 4-те земји од каде што доаѓаат, во фаза во разгледување на документација сака да стапи во контакт со некоја за да и се среди“, рече Заев.

Беа објавени и снимки на кои наводно Груевски го убедува Јанакиески да потпише мислење за промена на фасадите на Сити галери и на ЕВН во барок стил,  а за што тој нема да биде одговорен, туку оној што ќе го прифати мислењето, или службеници од Општина Центар.

„Станува збор за фасадите на ЕВН и Сити Галери кои според планот на Груевски треба да се претворат во барокни фасади. Груевски го убедува Јанакиевски дека одговорноста ќе биде на општина Центар, е не негова. Договараат Јанакиевски да ја среди работата, да каже дека е техничка грешка пред одговорната вработената од општина Центар. Договараат да направат проширување на маркицата, Јанкиевски да потпише, а вината да ја фрлат врз вработената од општина Центар“, рече Заев.

За изградба на автопатите Миладиновски – Штип и Кичево Охрид, избрана е иста фирма, од која, како што рече Заев, Груевски бара пет отсто провизија, што за двата автопати би изнесувало околу 25 милиони евра.

Заев уште дополни дека покрај тоа што Агенцијата за патишта пресметува дека со сите интервенции автопатот Кичево Охрид ќе чини 270 милиони евра, сепак Груевски, Миле Јанакиески, вицепремеирот Владимир Пешевски и Кире Божиновски договараат изградба за сума од 373 милиони евра.

Груевски на снимките наводно признава дека доцни цело време на состаноци оти ова со Кинезите му е важно и мора да се заврши.

„На крајот, наместо тендер, иако сумата е огромна, Собранието го потврдува договорот за автопатите, кој не сакал да го потпише ниту еден министер, оти знаеле дека е криминален“, рече Заев. /крај/со/бб

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.