Расходниот буџет – тема на Форумот на заедниците во Новаци

Третата сесија во рамките на проектот “Форуми во заедниците“ продолжи денес во Општина Новаци, со цел транспарентно да се реализира работата на oпштината во наредната година, а притоа граѓаните активно да се вклучат во креирањето на буџетот.
 „Ние при креираењето на буџетот ги консултираме нашите граѓани и нивните барања и предлози. Тие одат кај нас на разгледување и во голем дел, околу 80-85% се прифатени“ изјави Лазар Котевски градоначалник на Општина Новаци.
 За реализација на проектот “Форуми во заедниците“ свој придонес има и Швајцарската Агенција за развој и соработка. Досега во рамките на ЗЕЛС, 57 општини гиимплементирале форумите  како алатка преку која граѓаните го даваат својот придонес во креирањето на програмата за работа на општините.
 „Општина Новаци е една од општините која до сега покажува доста добри насоки во однос на овие форумски сесии“ рече Ирена Николов – претставник  на ЗЕЛС.
 Граѓаните и натаму активно учествуваат во овој проект каде ги даваат своите размислувања и предлози и очекуваат поголемиот дел од нив да бидат прифатени.Во рамките на овој проект до крајот на годината ќе се одржат уште две форумски сесии. И наредната ќе биде насочена кон расходните приходи, додека за крај ќе се видат резултатите од предлозите на граѓаните.