ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО С.ДИХОВО‏

Градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески заедно со директорката на ОУ„ Д-р Трифун Пановски“ Вера Стојановска и претседателот на месната заедница Зоран Тасевски, го пуштија во употреба повеќенаменското игралиште во с.Дихово. Игралиштето се наоѓа веднаш до училиштето односно до „Домот на културата“, каде минатата година се изврши пренамена на простории и сега се изведува настава од прво до петто одделение.

„Ова е игралиште кое што им го ветивме на мештаните, и кое најповеќе ќе го користат учениците, но и младите од селото. Игралиштето е повеќенаменско, односно е прилагодено за кошарка и за фудбал“ , рече градоначалникот Талески.

Вредноста на проектот изнесува 1.3 милион денари, а задоволство од реализираниот проект и благодарност изразија претседателот на месната заедница и директорката на училиштето.