Продолжува одличната македонско хрватска соработка

Во просториите на Младинскиот културен центар Новаци гости беа актерите од Пучка сцена на Хрватската библиотека од Херцеговац, Република Хрватска и претставници на Македонско-Хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола.

Членовите од театарската работилница на Културно иновативниот клуб и градоначалникот на Општина Новаци господинот Лазар Котевски им посакаа добредојде на гостите и низ двочасовното дружење со нив разменија рефлексии и одрази во делот на културата како основен составен елемент на двата пријателски народи потенцирајќи ја важноста на размена на културите.Ова е прво гостување на членовите на „Пучка сцена“ во Општина Новаци. Вечерва на сцената во НУ Центар за култура Битола актерите ќе се претстават со комедијата „Мотел Мрак“ во режија на Иван Братковиќ