Поставен камен темелник за капела во црквата Св.Атанасиј во Новаци

Во присуство на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, свештено лице и месното население беше означен стартот со изградбата на капелата во црквата Свети Атанасиј во Новаци.

„ Овој објект кој денес започнуваме да го градиме е на барање на населението и ќе биде од особено значење за Новаци, затоа што е неопходен според најновите закони а досега немавме такво место. Капелата за еден месец ќе биде изградена до карабина а потоа ќе следува финиширање на изградбата со внатрешно уредување. Веќе изградивме таков објект во село Гермијан и понатаму ќе градиме секаде каде ќе има потреба за тоа “ рече градоначалникот Котевски.

Капелата во село Новаци чини  1.100.000денари додека во с.Гермијан 573.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на општината.