Подигнато е знамето на новоизградениот 30 метарски јарбол во Новаци

Општина Новаци пред неполн месец започна со градежните активности околу поставувањето на урбана опрема – јарбол во Новаци а веќе денеска беше подигнато македонското знаме.

„ Денеска заврши изградбата и поставувањето на урбаната опрема – јарбол  кој е висок 30 метри , на кој го истакнавме знамето на Република Македонија. Пред неполн месец го бетониравме местото помеѓу општинската зграда и  поштата во Новаци. Инвестицијата е на Владата која ја поздравуваме и целосно ја поддржуваме. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Инвеститор е Влада на Република Македонија.